Се реконструира водоводна и канализациона мрежа во „Тоде Мендол“

Во тек е реконструкција на водоводната мрежа и канализацијата на улицата „Перо Илиевски“, во населбата Тоде Мендол, кои што беа уништени при вооружениот судир.

За оваа цел се издвоени околу 2 ипол милиони денари од буџетот на Општина Куманово, како и дел од Министерството за животна средина и просторно планирање.  Ова е една од активности кои се преземаат што поскоро да се врати нормалниот живот во оваа населба. Директорот на јавното претпријатие Водовод, кое е задолжено за градежните работи истакна дека ќе биде опфатена водоводна и канализациона мрежа во должина од околу 180 метри.

-Дејствата кои што беа изминатиов период против теористичката група која што беше уфрлена едноставно имаат направено голем проблем на самата мрежа која што и претходно беше во доста лоша состојба така што комплетно ќе ја замениме и за таа улица нема да имаат проблем со водоводна и канализациона мрежа-изјави директорот на ЈП Водовод, Горан Стојковски.

Тој очекува дека за две недели ќе бидат завршени сите градежни работи и  ќе остане само сопствениците своите дворови да ги приклучат на главниот вод.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)