Се реконструира водоводна и канализациона мрежа во „Тоде Мендол“

Утринава започна реконструкција на водоводната мрежа и канализацијата на двете улички во населбата Тоде Мендол, кои што беа уништени при вооружениот судир пред две недели. За таа намена  ќе бидат издвоени околу 2 ипол милиони денари од буџетот на Општина Куманово. Со тоа се спроведува одлуката на општинскиот кризен штаб што поскоро да се врати нормалниот живот во оваа населба.

-Од денеска е започната реконструкцијата, склучен е договорот добиена е понуда од Водовод и се започнати сите градежни работи. Претпоставуваме дека во рок од 7 дена за една недела ќе треба да заврши канализацијата, која се става на четири метри длабочина и потоа ќе одиме на водовод кој што исто така би требало за седум дена, се вкупно за две недели би требало да заврши -изјави Валентина Алексовска, секретар на Општина Куманово.

Семејствата на кои им беа оштетени куќите деновиве ја добиле привичната еднократна хуманитарна помош во висина од 100.000 денари по единица оштетен дом, кои што ги доделува Владата. Тие раскажуваат дека се уште живеат кај своите роднини бидејќи  немаат услови нормално да функционираат во своите поранешни живеалишта. Затоа бараат побргу да заврши реконструкцијата на водоводната, електричната и канализационата мрежа.

Општина Куманово очекува Министерството за екологија да обезбеди средства за цефки и капаци за шахтите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)