Се реконструира Домот на Занаетчии

Во тек е реконструкцијата на репрезентот на Куманово, Занаетчискиот дом, кој се наоѓа во центарот на градот. Средствата за санацијата ги обезбеди Центарот за развој на североисточниот плански регион, кој аплицираше со проект за обнова на објектот до Бирото за рамномерен регионален развој и Министерството за локална самоуправа. Проектот е одобрен и се одвоени 200.000 евра, а општина Куманово учествува со над 100.000 евра.

– Се надевам дека овие предвидени средства ќе бидат доволни да направиме едно здание кое ќе има мултифункционална улога за средби  со сите делегации, концерти, изложби, граѓански здруженија, потреби на локалната самоуправа,  целосно уредување на влезот, тоалети се она што го чини животот на една ваква установа која е од големо значење не само за градот туку и за регионот-истакна првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски.

Со реконструкцијата ќе бидат опфатени трите ката на објектот, но и покрај тоа е планирано да се задржи репрезентацијата.

-Бидејќи фасадата е под заштита на Националната установа за конзерваторски услуги која до 31-ви ќе го приложи проектот за фасада односно целосна санација на фасадата и кровот. Даден рок за изведба е до 11-ти ноември, така е во договорот се надевам дека до тогаш се ќе биде завршено и во пресред на големиот празник ослободување на Куманово ќе имаме пуштање-истакна тој.

Домот на занаетчиите е дело на рускиот архитект Владимир Антонов, изграден по иницијатива на занаетчиите, а пуштен во употреба 1930 година. Последен пат била изврешна реконстркција на галеријата во објектот 1983 година.

17.08.2016 - Zanatski dom 2

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)