Се реконструира канализационата мрежа

Во тек е изработка на фекален колектор во село Речица, кој што е дел од проектот на Европската банка за обнова и развој. За оваа намена општината доби околу 3 ипол милиони евра, а досега се искористени само пет проценти од средствата. Локалната самоуправа го изработи проектот и ја плати експропријацијата, а изведувач е фирмата Жикол. Првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски информираше дека работата деновиве е во прекин поради мало недоразбирање со месното население, во однос на трасата, ширината на влегување во оштетените посеви и слично.

-Се надевам дека тоа ќе се надмине на двојно задоволство бидејќи тоа е бенефит на населението од село Речица. Потоа следи изработка на тендерска постапка за ЈП Водовод тоа е милион и седумстотини илјади евра, далечински мерачи, протокомери, дефектомери, се она што е за да се заштеди загубата на водата исто така даден проект за село Тромеѓа, завршување на втората фаза, бидејќи до сега имаме изработено околу 4 километри-нагласи тој.

Инаку овој проект е во должина од 3.500 метри,  а истиот чини 400 илјади евра. Дамјановски денеска го означи и почетокот на ИПА проектот за изградба на нова и реконструкција на стара канализациона мрежа во должина од над 26 километри. Екипи веќе работат на улиците Перо Чичо, Перо Шварц и Среќко Пужаљка во централното градско подрачје, како и  во населбата Тоде Мендол и село Режановце.

-Еден проект кој исто така е во опфатот на ИПА 4 милиони и 200 илјади евра многу значаен бидејќи ова е стара канализација луѓето имаат сериозни проблеми а и патната инфраструктура е доста нарушена. Од таа позиција нема и реконструкција на патна ифраструктура бидејќи сега првин се поставува канализационата  и потоа ќе отпочнеме со решавање на патната-изјави тој.

Надлежните се надеваат дека до средината на септември ќе заврши реконструкцијата на овие локации.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)