Се реконструира фекалната канализација во Средорек

Во Средорек се работи на реконструкција на фекална канализација во должина од 241 метар. Вчера увид во градежните активности изврши градоначалникот Максим Димитриевски, посочувајќи дека реконструкцијата  е во рамките на Годишната програма за изградба на фекална канализација на Општина Куманово. Капиталната инвестиција е во износ од околу 2.100.000 денари, а изведувач на работите е фирмата КООП Инженеринг од Скопје.  Уредувањето на канализациската мрежа ќе го подобри животот на граѓаните од оваа населба која се наоѓа во непосредна близина на речното корито на Кумановка, посочуваат надлежните.

-Веднаш по завршување на трасата 1 и 2 ќе побарам од Советот на Општина Куманово дополнителни средства да се продолжи и со останатите траси за конечно да биде решен и овој проблем во оваа населба која што е една од постарите во градот во непосредна близина на централното градско подрачје. Целта е урбано и комунално живеење и на овие наши сограѓани кои што доаѓаат од ромска заедница да се подобри квалитетот на живот,  а со тоа и обврските кон заедницата да се намалат проблемите со генерирање на отпад и проблемите со речното корито кои што во континуитет ги имаме овде. Преземаме обврска заедно со советниците од ромската етничка заедница да поработиме и со граѓаните во однос на она што значи организирано изнесување на смет во овој дел на градот, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Претходно, во март месец беше реконструиран крак на фекалната канализација и ново асфалтно платно на улицата „ Железничка“ , беше завршена последната фаза од изградбата на фекалната канализација на ул. „Јоско Илиевски“  со вкупна должина од 1.368 метри, улицата  6-ти Април и фекална канализација во селото Долно Којнаре.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)