Се реновираат училници и тоалети во „Христијан Карпош“

Се реконструираат простории на месната заедница Иго Тричковиќ, училници и санитарни јазли во основното училиште „Христијан Карпош“, со пари на УНИЦЕФ и Општина Куманово. На овој начин ќе им се овозможи на мештаните да ја користат месната заедница, додека учениците ќе имаат подобри услови за следење на наставата. Дел од училниците ќе бидат прилагодени за настава за ран детски развој за деца од три до шест години, кои не посетуваат градника, но и за ученици над шест години. Проектот чини околу милион и 400.000 денари, од кои 840.000 денари се од УНИЦЕФ, а општината учествува со 600.000 денари.

-Се менуваат прозорци, подот, се прават санитарни јазли, сите услови да биде подобро за поприлагодено за учениците попријатно да се чувствуваат во своите школски денови. Најдобро што можам да кажам е дека веќе почна и ќе се реши горчливиот проблем со санитарните јазли, кои не беа прикладни за користење сега се нови, се зголемува бројот, првиот спрат се реконструира до 15-ти ни е рокот. Ќе имаме и отворање на делот за ран детски развој-изјави Валентина Алексовска, секретар на Општина Куманово.

Алексовска истакна дека општината прави напори преку самиот буџет но и од различни донатори да обезбеди средства за реконструкција и на вториот кат, но и во останатите училишта низ градот.

-Со ова го решаваме и проблемот со градниките, затоа што овде ќе биде сместена категорија на деца, кои родителите сакаат да ги социјализираат а да кажеме не се вработени. Во градниката претежно се примаат дечиња на родители што се на работа, затоа што мора да бидат згрижени. Така што оваа кратка форма ќе биде едно премостување за недостатокот на простор што го имаме во градинките-нагласи таа.

Од општината информираа дека се во преговори со УНИЦЕФ за отворање на уште два центри за ран детски развој во Диво Насеље и Черкезе.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)