Се реновира домот за стари лица

Преку реализација на проекти континуирано се унапредува квалитетот на услугите кои што ги добиваат корисниците на домот за стари лица „Зафир Сајто“. Директорот на оваа јавна општинска установа, Дејан Стојановски информира дека во тек е замена на дотраената постоечка урбана опрема, но и преостанатиот дел од дрвената столарија.

-Во склоп на проектот ќе ги замениме сите клупи кои што се во околината на нашиот двор, ќе изградиме летниковец кој што ќе биде добро катче за одмор, каде што корисниците ќе можат да го поминуваат своето време во раните утрински и во попладневните и часови, покривна конструкција ќе направиме на паркинг просторот кој што е во склоп на домот , за корисниците кои што доаѓаат и за вработените.
Другиот  проект кој што во моментов се реализира е замена на постоечката столарија, онаа преостаната која што досега не е сменета, тоа се поголеми површини кои што бараат поголеми издатоци меѓутоа ние смогнавме сили и ќе ги смениме тие преостанати делкови од домот кои што имаат дрвена столарија а не е енергетски ефикасна, изјави Дејан Стојановски, директор на Домот за стари лица  „Зафир Сајто“ Куманово


Со успешно менаџирање на средствата кои што домот ги добива од државата преку општината, летово е надграден и системот за соларно снабдување со вода, односно за греење на вода и затоплување на домот. Директорот Стојановски појаснува дека со оваа поголема инвестиција , наместо досегашните 500 литри вода, капацитетот е зголемен дури на два ипол тони вода, што е сосема доволно за потребите на домот и неговите корисници.


-Оваа година и минатата имаше доста проекти. Она што успеавме исто така да го реализираме во домот беше набавка на две професионални машини за перење и две машини за сушење на алишта, а добивме и машина за чистење и сушење на подови која што значително ќе ја подобри хигиената и ќе помогне на персоналот да му ја олесни и да ја забрза малку работата, изјави Стојановски.


Во домот за стари лица „ Зафир Сајто“ кој што функционира од 1956-та година, престојуваат 165 корисници речиси од сите градови во државата. Максималниот капацитет на установата е 170.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)