Се реши статусот на вработените во „Житомел“

Наскоро ќе се реши статусот со долгогодишниот проблем на 40-ина поранешни вработени во Житомел. Имено по судска одлука, тие ќе добијат отказни решенија од фирмата, што значи дека ќе можат да се пријават во Агенцијата за вработување, како и да поднесат барање за прогласување на технолошки вишок. Тие со години седеа дома, бидејќи недефинираниот статус не им дозволуваше да засноваат друг работен однос. Се водеа како вработени, а не земаа плата, ниту пак имаа право на пензиско и инвалидско осигурување.

-Oвие вработени беа наши членови уште од почетокот им помагавме околу изготвување на пријави за побарувања каде што нивните пријави беа признаени и утврдени од страна на стечајниот управникл. Морам да нагласам дека и стечајниот управник не само со синдикатот туку и со вратените во Житомел им излезе во пресред на вработените и тие за разлика од други фирми добија нешто од оние побарувања кои ги имаа поднесено-наведе Миле Спасовски, секретар во регионален синдикат.

Според законот поранешните вработени во Житомел за 25 години работен стаж ќе имаат право 12 месеци да земаат средства за технолошки вишок. Инаку висината на сумата ќе се одреди откако ќе  биде пресметана нивната плата од 2005 до 2007 година.

Но Спасовски не верува дека наскоро Житомел повторно ќе профункционира. Вели дека опремата е целосно уништена, поради неколкуте пожари кои што ги зафатија просториите на фирмата.  Тој нагласи дека стечајниот управник кој работи на имотно-правните односи за регулирање на статусот на имотот, ќе одлучи како да се реши овој проблем.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)