Се слави празникот Св. Архангел Михаил

Голем број верници денеска ја посетија цркавата Света Троица или попозната меѓу народот како Нова црква, по повод празникот Свети Архангел Михаил. Овој светец се смета за водич на небесните војски, и затоа на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје в рака. Неговото име било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници.

-Светиот Архангел Михаил се истакнува во моментот кога Сатаната сакаше да го земе местото на Бога и повлече група ангели кои сакаа да го извојуваат престојот на Бога. Тогаш тој застана свртен кон останатите ангели им рече добро да стоиме со страв да внимаваме и ги освести останатите небесни сили-изјави Игор Здравковски.

 
Свeти Архангел Михаил многумина кумановци го празнуваат како домашна слава или именден.
Од Кумановско-осоговската епархија истакнаа дека помеѓу народот постои заблуда дали оваа слава треба да биде прославена со посна или мрсна трпеза. Отец Здравковски објасни дека зависи од тоа на кој ден ќе се падне.
-Кога ќе се падне во среда и петок Свети Архангел Михаил знаат мрсна храна да принесуваат. Друга заблуда е тоа дека секогаш заслугот е посен. Ако отворите календар тргнете ги на страна оние кажувања баба ми, дедо ми мрселе на овој ден, нека отворат еден календар и ќе видат кои денови секогаш се постат, никаде не пишува дека за заслуг се пости или неколку дена пред слава, такво нешто не постои Од друга страна Свети Архенгел Михаил спаѓа во мрсните слави меѓутоа само заради тоа што се наоѓа пред божиќниот пост-нагласи Здравковски.
Тој нагласи дека граѓаните коишто одбележуваат роденден или имаат некоја друга прослава можат да принесат трпеза каква што сакаат, но не и доколку слават нешто духовно и очекуваат благослов. Според народните верувања од временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Во некои краишта се слави и како празник на сточарите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)