Несовесни граѓани многу често ја уништуваат комуналната опрема и друг јавен имот на подрачјето на градот. Се оштетуваат канделабри, клупи , сообраќајни знаци без никаква причина. Деновиве беше отстранета и заштитната ограда поставена на надвозникот кон населбата Бедиње, ограда поставена да ги спречи возачите да се паркираат на надвозникот. Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски го осудува ваквото однесување и апелира до граѓаните да покажат општествена одговорност кон јавниот имот.
-И додека се трудиме нешто да креираме одредени граѓани уништуваат.Ваквата општествена неодговорност и чин на вандализам не не води никаде. Најостро го осудувам ваквото однесување и апелирам до стручните служби и МВР да ги најдат сторителите и да ги санкционираат -изјави Макисм Димитриевски, градоначалник на Куманово
И покрај апелите од надлежните , неретко се случува откако ќе се обнови комуналната опрема, несовесни граѓани повторно да ја уништат, особено клупите поставени на градскиот кеј, во парковите и на останатите локации цо градот. Градоначалникот Димитривески апелира до граѓаните доколку забележат да пријават вандалско однесување и да споделат информации за уништување на заедничкиот имот.