Се чисти коритото на река Петрошница

Во тек е акција за чистење на коритоto на река Петрошница во село Војник, во должина од околу еден километар. Денеска со два багери се отстрануваше сметот и зараснатите дрвја во речното корито од мостот на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка, па се до вливот во реката Пчиња.  Чистењето на речното корито е дел од акциониот план на Општина Старо Нагоричане, а средствата ги обезбеди Министерството за животна средина и просторно планирање.

Надлежните се надеваат дека со ваквите акции ќе се спречи опасноста од можни поплави. Мештаните на Војник истакнаа дека претходните години, неколку пати имале проблеми при зголемување на нивото на водата.

-До сега немаше вакви акции, ова е добро што се прави, задоволни сме, сите жители имаат проблем овде кога доаѓа река, сега се работи добро е, се чисти убаво да се спречи, се шири речното корито, се сечат дрвја добро е ова за нашето месно население. Претходните години имаше мала акција на мостот горе, сега гледам дека добро ќе се исчисти ќе се среди-велат жителите.

Од Општина Старо Нагоричане очекуваат акцијата за чистење на коритото да заврши до крајот на неделава.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)