Се чисти крајбрежјето на речното корито на Кумановка

Општина Куманово во соработка со Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, и „Кумановски акцијаши“ „ денеска ја започнаа големата акција за чистење и уредување на речното корито на реката Кумановка, Липковка и Којнарка.  Првиот заеднички проект беше „Еко Куманово“ кој успешно се спроведе минатата година, па на годишнината започнува новата акција.

-На годишнина на тој проект го започнуваме проектот „Зелено Куманово“ кој предвидува чистење на крајбрежјата на реките Липковка, Кумановка и делумно Којнарка што значи расчистување на крајбрежјето во ширина од два до три метри со учество на млади волонтери, пред се од Куманово, во подоцнежната фаза ќе се вклуат волонтерите од Скопје, Охрид, Србија, претежно Кикинда, Бела Црква, Смедерево Ниш, Белград и Краљево и волонтерите од Бреза, Босна и Херцеговина – изјави Јусуф Љатифи, претседател на Здруежние на граѓани „Кумановски акцијаши“.

Акцијата ќе се одвива на потегот од маркетот „Туш“ до Митев Мост, а целта е поттикнување на свеста кај граѓаните, за чување и одржување на животната средина.

-Локалната самоуправа одели средства за набавка на тримери, пили, чизми, вили и лопати и сега сме во преговори со една градежна фирма да ни помогне со механизација, камиони и транспорт и ЈП „Чистота“ исто така со својата механизација ќе биде присутна. Од мое име голема благодарност до куманвски акцијаши кои добија големи признанија и во другите држави на Балканот, а ја добија и наградата од Куманово, мислам дека ова е најдобар пример како невладината организација е грижа за чисто Куманово. Ја користам приликата уште еднаш да апелирам, колку ние да сакаме да го одржуваме ова, да правиме акции, совеста на граѓаните мора да биде во прв план, самите гледате колку има шут, отпад, органски неоргански материи фрлени вор ечното корито кои ја контаминираат водата и даваат лоша слика, а опасност и од инфекции и заразни болести. Не е само да се прават акции мора сите ние во Куманово да направиме се за да ја сочуваме нашата животна средина – изјави Дамјановски

Дамјановски најави дека во септември ќе се чистат „дивите“ депонии во градот.Додаде дека наскоро ќе започне и проектот за регулација на речното корито на Липковка кое ќе се спроведува преку проект на УНДП, општина Куманово и Министерството за животна средина и просторно планирање.Чистењето ќе се спроведува во три фази. Директорот на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, Сашо Петрушевски, појасни дека во претходните акциии за расчистување на речното корито,изминатите години биле депонирани по 120 камиони со смет.

-Даваме поддршка на сите вакви ацкии мислам дека ќе продолжат и понатаму  затоа што придонес на сите луѓе во Куманово за почиста средина и поубаво куманово го подржуваме и сите акции и ќе учествуваме со сета меганизација. Ова е уште еден показател дека треба сите задено да се грижиме за животната средина и апел до сите граѓани во однос на хигиената сите работи кои значат одржување не е доволно само јавно претпратије жќивотна средина-додаде тој.

Акцијата ќе продолжи и наредните викенди.

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)