СЗМ и ДПСМ со прослава за Бадник

Со традиционалните обичаи за Бадник, членовите на Српската заедница во Македонија, регионален одбор Куманово и на Демократската партија на Србите во  Македонија од Куманово денеска го прославија денот пред Христовото раѓање. Пораки за среќа, љубов, мир и благосостојба до сите граѓани од денешното прославување со бадникова трпеза упати претседателката на Српската заедница во Македонија, Гордана Јовиќ- Стојковска.

-Бадник го прославуваме традиционално како што се прославува со векови, значи се прославува во семејство. Овде сме собрани бидејќи ние сме едно големо, големо семејство, а потоа секој од нас оди дома и ќе го прослави Бадник токму на овој начин. Основната порака на Бадник и на божиќните празници е собирање на семејството и ширење на љубовта, пред се во домот, но и меѓу народот и меѓу луѓето. Нашето православие е засновано на принципот љубов и разбирање. Жал ми е што во оваа прилика не можам, а да не избегнам да ги поздравам нашите сонародници во Црна Гора и да дадам апсолутна поддршка на сите Срби во Македонија во нивната борба за зачувување на верата. Исто така, сакам на сите Македонци, на сите народи да им посакам здравје, среќа, бериќет и секако мир меѓу нас и секако секогаш да бидеме заедно, изјави Гордана Јовиќ – Стојковска, претседател на Српската заедница во Македонија

Годинава при кршењето на бадниковата погача, паричката се падна кај Мирослав Тричковиќ, советник во Советот на Општина Куманово од редовите на ДПСМ, кој што воедно е и кум на манифестацијата за 2020-та година.  

-Искрено не се надевав дека паричката може да се падне кај мене, драго ми е што се падна во мене, многу сум среќен. Сакам на сите наши членови и на сите граѓани на Куманово да им посакам многу среќа и успех во Новата година на секое поле, изјави Мирослав Тричковиќ , кум за 2020 –та година

-Кај мене се падна паричката минатата година и сакам да ги поздравам сите граѓани кои што слават овој ден, изјави Милован Станковиќ, кум за 2019-та година

Оваа година сечата на бадниковото трво се организираше во Долно Којнаре.            

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)