Силно невреме во Куманово

Силно невреме го зафати вчера попладне Куманово , проследено со интензивни врнежи од дожд, град  и електрични празнења .  Силниот ветер однесе  лимен покрив  од зграда на улицата „Народна Револуција“  спроти основото училиште  „Браќа Миладиновци„ кој паднал  врз паркиран автомобил  „рено меган„ по што ја турнал  и заштитната ограда на училиштето. Освен предизвикана материјална штета, повредени нема. Улицата беше блокирана  за сообраќај додека траеше отстранувањето на лимот. Невремето во кумановско  траеше половина час. На неколку локации во Куманово ветерот откорнал и гранки од дрва.

На терен излезе и градоначалникот на Куманово ,кој ја повика градежната инспекција да ја засили контролата на објектите кои  самоиницијативно поставиле кровни конструкции.

Од вчерашното невреме, пак,  во општината Старо Нагоричане најголема штета претрпело  селото Стрезовце. Градот што паѓал  со големина на орев ги уништил земјоделските култури,  кровните конструкции на куќите во селото, а оштетени се и возила.

– 20-25 минути интензивно паѓање со величина на орев, се е уништено 100 проценти, невидена работа, на соседот кровот му е уништен, моето возило, катастрофа невидена, ништо не е осигурано, изјави Зоран Ангеловски

62 годишниот Дионис Митревски откако останал  без работа , живее од земјоделство. Во невремето , покрај другото, тој остана и без  5.000 корени зелка. Спасен е само компирот бидејќи е под земја.

– Се што имавме , се е уништено, немаме веќе ништо, зелка , пипер, лозје, ќе бараме помош па ќе видиме дали ќе дадат, 5.000 корени зелка нема ништо од нив, изјави Дионис Митревски, од село Стрезовце

Од општината Старо Нагоричане денеска  излегле на терен за да увидат каква штета предизвикало невремето.  Потоа Советот на општината ќе одржи седница, а наредните денови на  терен ќе излезе и комисија за проценка на штети. Инаку, според Управата за хидрометеоролошки работи Куманово е меѓу трите градови со најголемо количество наврнат дожд.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)