Симболично велосипедско возење на граѓанската иницијатива

И граѓаните на Куманово вчера се придружија на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ која  наместо протестен марш организираше велосипедска трка, како и во останатите градови во државата.

Граѓаните со велосипеди се собраа пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и возеа низ улиците и булеварите во поширокото централно градско подрачје. На оваа спортска манифестација се приклучуваа  велосипедисти на неколку клучки во градот, кои на овој начин уште еднаш упатија пораки за зачувување на унитарноста на државата и Уставот на РМ.

– Даваме поддршка на претседателот Иванов за неговата одлука, за унитарна Македонија, ние немаме резервна држава, изјави велосипедистот Александар Ефремовски.

Граѓаните, поддржувачи на иницијативата За заедничка Македонија  побараа политичарите е да не ја преминат опасната црвена линија и оти ќе се борат за зачувување на македонскиот јазик како единствен официјален јазик на државата, одбрана на Уставот, името, грбот и знамето.

Претходните денови кумановци маршираа низ градските улици. Досега беа организирани девет протестни маршеви во Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)