„Сино-белите“ немоќни против МЗТ

Кошаркарите на Куманово претрпеа пораз и во 5то коло од домашната супер лига откако вчеравечер на гостински терен беа совладани од составот на МЗТ Скопје Аеродром со резултат 81:76.

Уште од самиот старт на играта домаќинот имаше водство кое константно го одржуваше пред далеку послабиот ростер на Куманово, кој дополнително беше ослабнат и поради суспензијата на нивниот тренер Марјан Србиновски од страна на МКФ.

На старот по израмнетите 6:6, Јуре Лалиќ од редовите на МЗТ постигна шест поени во низа и првото поголемо водство за својот тим. И покрај тешката борба, предводени од заменик тренерот Милош Нинковиќ, сино-белите не можеа да ја достигнат разликата. Поените на Темс, но и на Мијатовиќ и Лалиќ дополнително го зголемија водството на домаќините па првата четвртина заврши со резултат 24:13.

Ништо ново ниту во вториот период во играта, па на полувреме се замина повторно со големо водство за актуелниот шампион и резултат 44:34. По кратката пауза, на паркетот повторно слична игра како и во претходниот дел, кумановци се мачеа да ја стопат разликата, а металците да не паднат под 10 поени водство. Така заврши и тртиот дел од средбата со резултат 60:50.

Последните 10 минути од натпреварот како да се разбуди силата на гостинскиот состав. Негативата започна да ја топи репрезентативецот Димитар Караџовски кој со неговите три врзани тројки го промени резултатот на семафорот во 62:59. Тројка во домашниот кош уфрли и капитенот Јанески, но тука се освести составот на МЗТ. Темс со неговиот 18ти поен го промени резултатот во 70:63. Репрезентативното дуо Караџовски и Јанески не се предаваа, па на две и пол минути пред звукот на сирената рзултатот беше 73:68.

Караџоски погоди уште една тројка, Јанески на 36 секунди пред крајот погоди две слободни за резултат од 73:75. Мијатовиќ промаши две слободни, но промаши и Караколев кој погоди само еднаш од линијата за слободни фрлања со што кумановци беа само еден поен во негатива, а семафорот означуваше уште 19 секунди до крајот.

Темс сепак од линијата за слободни го реши Куманово, па по низата пенали и звукот на сирената резултатот беше 81:76 и петта победа за МЗТ, а четврт пораз за Куманово.

Со неприкосновени 30 поени и шест асистенции во составот на сино-белите брилираше Димитар Караџовски, а со 22 кај МЗТ најефикасен беше Темс.

Следниот меч во домашната лига кумановци го играат во сабота повторно на гостински терен против составот на Кожув од Гевгелија, а во вторниот и првата финалана средба во БИБЛ лигата против Берое во Бугарија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)