СИПР – дел од европски проект за енергетскo лидерство

Развивање на енергетска мапа на транзиција на регионот до 2050-та  година и Акциони планови кои што би ја следеле таа мапа, а по теркот на она што е развиено од страна на проект -партнерите од Естонија, Австрија, Чешка, Полска и другите земји кои што своите искуства сакаат да ги проследат кон дел од  земјите во Југоисточна Европа, е целта на проектот насловен „Панел 2050“  или „Партнерство за ново енергетско лидерство 2050“ , информира Јане Вртески од консултантската куќа БДС , Balkan Development Solutions BDS Ltd. кој го имплементира проектот во Македонија. Во проектот, кој има регионален карактер е опфатен Североисточниот плански регион од Македонија, која е единствена држава вклучена во проектот, а не е членка на ЕУ.

Денеска во ресторан Грација се одржа седмата работилница на која се разговараше за Регионалната енергетска мапа 2050 за Североисточниот плански регион  и Акциони планови.

– Овде станува збор за ангажирање во делот на енергетската транзиција на земји од Југоисточна Европа. Североисточниот регион е еден регион кој што е надвор од ЕУ, а членува во активностите на овој проект, во најголем дел како набљудувач на активностите и дел на примател на обуките кои што се одвиваат во рамките на овој проект. Досега беа низа активности во изминатиот период од две ипол години колку што овој проект трае, беа одржани низа конференции, тренинг кампови надвор од земјата, ова е седма работилница денеска на која што ќе дискутираме за завршните елементи на енергетската мапа за транзиција, изјави  Јане Вртески од Balkan Development Solutions BDS Ltd.

Следната активност како дел од проектот ќе биде Конференцијата за енергетска ефикасност на која ќе бидат презентирани низа резултати од проектот, а ќе се одржи од 22-ри до 25-ти јануари во Тарту, Естонија. На конференцијата  ќе присуствуваат  високи претставници на ЕУ и на естонската Влада.

– Конференцијата е најавено дека ќе ја отвори министерот за економија на Естонија и во текот на неколку денови , делегација од СИПР односно 11 луѓе ќе присуствуваат на оваа конференција и ќе имаат можност со партнери кои што се од земјите кои што ги спомнав и регионите,  да разменат искуства,  да направат контакти и во секој случај да ги прошират своите знаења во оваа област, изјави Јане Вртески од Balkan Development Solutions BDS Ltd. кој го имплементира проектот во Македонија.

Проектот „Панел 2050“  е поддржан од Хоризонт 2020 програмата на ЕУ и се имплементира заедно со уште десет земји, членки на Европската унија.

Инаку, Североисточниот регион како најсиромашен регион во државата се најде во проектот, бидејќи нема свои извори на енергија, а е корисник. Вртески , уште на првата работилница одржана во Куманово сметаше  дека негова предност е да не дозволи развивање на јаглеродни извори на енергија во шесте општини, туку да се фокусираат на новите извори на енергија, како што се изградба на централи на сончева енергија, користење на хидро потенцијалот, искористување на ветровата и сончевата енергија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)