СИПР сподели искуства и идеи со колеги од Косово

Досегашните активности на Центарот за развој на североисточниот регион денеска се презентираа пред претставници на ГИЗ РЕД Македонија, ГИЗ РЕД Косово и Министерството за локална самоуправа на Косово. Меѓу останатото, се запознаа со демографијата на регионот, реализираните проекти, буџетските средства.

“Се надеваме дека по нашата презентација ќе оствариме поголема соработка со ГИЗ РЕД Косово и се надеваме на имплементација на идни заеднички проекти. Нашата иницијатива е тие да бидат во однос на руралниот развој, туризмот во руралните средини, развој на земјоделието. Ние се надеваме дека ист ваков состанок ќе се оствари и во Косово“ – изјави Младен Протиќ, раководител на Центар за североисточен регион.

И претставниците од Косово се надеваат на идна заедничка соработка и проекти.

„Ќе ги споделиме искуствата за регионален развој со македонските колеги и  да ги видиме можностите за во иднина за заеднички проекти меѓу Косово и Македонија. Ќе разгледаме неколку проекти и ќе настојуваме да ја развиеме соработката“ –рече Бесим Камбери од Министерство  за локална самоуправа на Косово.

Денеска беше емитувано и промотивно видео со знаменитости, локалитети, специјалитети кои ги нуди североисточниот регион.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)