„Скаут“ со ликовен и литературен конкурс

Четириесетина ученици од основните училишта во градот денеска учествуваа на литературниот и ликовниот конкурс во организација на Извидничкиот одред „Скаут“  и Отворена порта. Активноста е дел од кампањата за броба против трговија со луѓе. Учесниците имаа можност цели три часа во фоајето на центарот за култура да цртаат односно пишуваат творби на тема: “Социјалните мрежи како причина за станување на жртва на трговија со луѓе“, информира  Цветанка Вељковска од Скаут.

-Ние им ги дадовме конкретните теми за да тиe подобро се распрашаат и да го видиме и нивното размислување како ќе насликаат, како ќе напишат, колку се запознаени бидејќи целта на оваа кампања е и да ги едуцираме помладите за опасноста што се случува во околината и да се запознаат за да можат повеќе да разговараат со своите најблиски, родителите, да ги поттикнеме да размислуваат за тоа. Денеска се одвива конкурсот. Ќе се одржи и свечен настан за десетина дена, а како награда ќе има и извиднички камп на кој повеќе ќе ги едуцираме, ќе ги запознаеме каде можат да пријават такви работи, како полесно да се отворат пред своите најблиски, изјави Цветанка Вељковска, Извиднички одред Скаут

 На манифестацијата ќе бидат доделени награди за првите три најдобри ликовни и литературни творби, а петнаесетина учесници во двете категории од конкурасот ќе бидат дел од бесплатниот извиднички камп, во близина на Куманово, веројатно во Пелинце, велат од Скаут.

Коментари

коментар(и)