Скопјанец нападнат со оружје во Никуштак

63-годишен скопјанец во кумановската полиција пријавил дека  вчера околу 18 часот во село Никуштак, Општина Липково, А.М. од Никуштак, со кого имал нерасчистени должничко-доверителски односи,  пред семејната куќа испукал кон него со огнено оружје, но не го погодил. Во координација со Јавен обвинител, извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, информираат од полицијата.

Коментари

коментар(и)