Скопјанец фатен со над 300 грама хашиш

Четириесет и петгодишен жител на Скопје е спроведен во кумановскиот затвор, откако претходно бил фатен со над 300 грама хашиш во кумановско.СВР Куманово поднесе кривична пријава против 45-годишното лице поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од кумановската полиција.

Имено, завчера  на локален пат во атар на село Никуштак, општина Липково, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот при што пронашле и одзеле наркотична дрога хашиш со нето тежина од 306.2 грама. По спроведена постапка пред Основен суд Куманово, лицето било спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Кшање.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)