Скопјанец шверцувал мигрант на Табановце

31-годишен скопјанец шверцувал мигранти низ Куманово. Вчера на автопат Куманово-Граничен премин „Табановце“, во близина на обиколница Табановце, полициски службеници од Полициската станица Сопот го лишиле од слобода М.М.(31 година ) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. При преглед во возилото „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, превезувал едно лице – мигрант од Сомалија. – При дополнителни проверки било констатирано дека М.М. се бара по наредба за сторено кривично дело „измама појаснуваат од полицијата. Тој бил предаден  на полициски службеници од Полициската станица Куманово и против него е поднесена кривична пријава, за „криумчарење на мигранти“. Лицето-мигрант е сместено во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка.

Коментари

коментар(и)