Советникот Дервиши прогласен за мисионер на мир

Дипломатската мисија за мир и просперитет денеска на свечена манифестација го прогласи советникот Фериз Дервиши, за мисионер на мирот. Гувернерот на седиштето од Албанија, Шефки Хуса, истакна дека признанието на Дервиши следи по неговата долгогодишна ангажираност за зачувавање на мирот и безбедноста во градот и регионот. Нагласи дека особено е заслужен за стабилизирање на состојбата за време на конфликтите во 1999 и 2001 година. Советникот за својата заслуга доби и признание и писмо од Белата куќа и претседателот Барак Обама.

-Секогаш мој објектив било толеранција почитување на луѓе,  мир, толеранција така што тоа и порано ми беше во мојата визија. Оваа награда или пофалница е крунисувње на сето тоа што сум го постигнал јас мислам дека и последните години и сега сум се залагал во нашиот град да владее мир, толеранција разбирање да нема конфликти туку љубов меѓу себе и заедничка соработка-истакна Дервиши.

Додаде дека признанието не може да се спореди со ништо материјално.

-Ова не е награда лично моја туку за целиот град бидејќи навистина со моите пријатели, другари почнувајќи од 2000 99 година со градоначалникот тогашниот, луѓето кои беа на раководните места заеднички вложивме напори Куманово беше заобиколено од некои поголеми конфликти и размери на конфликти-истакна тој.

На церемонијата се обрати и првиот човек на градот, Зоран Дамјановски кој истакна дека Дервиши придонел за подобро образование, сообраќајната култура но и јавниот сектор.

На свечената церемонија присуствуваа пратеници, директори на јавни установи и интитуции, претставници на политички партии и бројни граѓани.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)