Николај Павловски од денеска официјално не е член на Советот на општина Куманово откако едногласно беше прифатена неговата оставка.
Павловски, кој инаку студира во Москва, Русија, поднесе оставка поради довршување на своето високо образование.
Неговото место треба да го пополни советник од листата „За наше Куманово“.