Советниците утре ќе одлучуваат за 58 точки на дневниот ред

Советот на општина Куманово утре ќе ја одржи 41 –та седница на која ќе се расправа и треба да се донесат одлуки за вкупно 58 точки на дневниот ред. Информација за превземени мерки и активности од страна на полициската станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2015 –та година, тримесечен извештај за финансиското работење на јавното претпријатие „Куманово-гас“, предлог-решение за давање согласност на Ценовникот за измена на Ценовникот за висина, условите и начинот на плаќање на такса за приклучок на дистрибутивен гасоводен систем, предлог-решение за давање согласност на статутот на библиотеката „Тане Георгиевски“ , предлог-одлука за организацијата и начинот на извршување на задачите на општинската администрација и предлог одлуката за кофинансирање на проектот „Адаптација на конференциска сала за настаните од регионално значење“се првите шест точки за кои ќе дискутираат советниците утре. Потоа ќе бидат разгледани годишни извештаи за работа и програма на ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ на 5 средни училишта и 16 основни училишта, како и извештаи и програма за работа на музичкото училиште „Панче Пешев“ . Меѓу последните точки на дневниот ред ќе се најде информацијата за остварување на приходите по основ на даноци и такси за периодот од први јануари до 31 август годинава, предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на куманово, како и извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција и заштита на локалните патишта и улици во градот од јануари до крајот на јуни годинава.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)