Советот ги ослободи угостителите од комунална такса

Советот на Општина Куманово ги ослободи угостителите и другите правни субјекти од плаќање комунална такса за користење на просторот пред објектот, за време на вонредната состојба. Од оваа мерка бенефит ќе имаат 75 деловни субјекти, повеќето кафеани и кафулиња. Надлежните се надеваат дека на овој начин делумно ќе ги ублажат негативните економски последици со кои се соочуваат угостителите во Куманово.

Се работи за сите деловни субјекти, независно дали таа дејност се обавува на приватно или на државно земјиште. На овој начин ќе им помогнеме за овој период додека треаеше вонредната состојба не мора да ја плаќаат таа комунална такса која вообичаено следува како давачка и обврска кон локалната самоуправа.  Од овие 75 деловни субјекти кои ќе имаат бенефит од оваа мерка некаде 90 проценти се кафеани или кафулиња, бидејќи најчесто тие обавуваат ваква дејност во популарно наречените летни бавчи-посочи Атина Мургашанска, претседател на Совет на Општина Куманово.

Советот претходно одлучи стопанските субјекти до крајот на годината да не плаќаат сметки само за користење летни бавчи и друга урбана опрема на јавна површина. Надлежните информираат дека лицата кои веќе уплатиле комунална такса, таа ќе биде пренаменета за перидот по вонредната состојба.

Општина Куманово неодамна донесе одлука и за намалување на фирмарината за оваа година од 6.000 на 4.000 денари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)