Советот за превенција со манифестација по повод 08 септември

Советот за превенција од Куманово денеска одржа редовна седница во пресрет на 08 септември –Денот на независноста на РМ. Претставници на Советот на општина Куманово, територијалната противпожарна единица , секторот за внатрешни работи и Итна медицинска помош од Куманово се договараа околу организирање на традиционалната манифестација што се одржува на платото пред територијалната противпожарна единица по повод празникот. Како што информираше, претседателот на Советот на општина Куманово, Александар Арсиќ на манифестацијата ќе бидат присутни ученици, професори и граѓани на Куманово.

– Сакаме да направиме една акција за да ја покажеме безбедноста на граѓаните во општина Куманово. На платото пред противпожарната единица ќе биде изложена дел од опремата односно  дел од искуствата што ги имаат овие единици , територијалната противпожарна единица, СВР Куманово и Црвениот крст на РM – изјави Арсиќ.

Присутните, како што информираат надлежните, ќе имаат можност да се запознаат со опремата на институциите , но и нивната заедничка работа која придонесува граѓаните да се чувствуваат безбедно, но и да ја почувствуваат безбедноста на градот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)