Советот на Општина Куманово расправаше за буџетот

На 35-тата седница на Советот на Општина Куманово се расправаше за кварталниот извештај за извршување на буџетот за минатата година, годишниот извештај и завршната сметка. Раководителот на Секторот за финансиски прашања, Ирена Илиевска истакна дека  Општина Куманово има остварено една милијарда двесте и четириесет милиони денари, по основ на приходи или 90 проценти од она што е планирано.

-Тоа го има остварено како приходи од повеќе сметки, почнувајќи од основни, сопствени, до блог дотации, самофинансирачки активности, донации, додека на расходната страна реализацијата е 88 проценти, тие два проценти кои остануваат се пренесуваат како прилив на средства за 2015 година-истакна Илиевска.

Таа нагласи дека во тек на 2014 година во рамки на тековните трошоци, средства се одвоени за поддршка на Јавните претпријатија „Чистота и зеленило“, „Куманово Паркинг“ и „Водовод“. Од капиталните трошоци општината има инвестирано во изградба на нови улици, реконструкции, изградба на затворениот базен, основни и средни училишта, фекална и атмосферска канализација.

-Две години работиме со тековен лимит, бидејќи сметката е блокирана. Во тек на 2014 година дури 62 милиони денари се исплатени за ЈП „Водовод“ за кредитот МЕА, поради тоа што општината е гарант по основ на тој кредит, што значи дека за нив се скратени од капиталните инвестиции-додаде таа.

Советниците од ВМРО ДПМНЕ наведоа дека постојано се намалуваат предвидените средства за изградби и реконструкции, затоа што се носат нереални буџети, кои не може да се реализираат во целост.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)