Советот ќе одлучува дали ќе се плаќаат градинките

Кумановскиот Совет на редовната седница која е закажана за вторник ќе одлучува дали родителите ќе се ослободат од плаќање на градинките за април и мај. Иницијативата, како што објасни денеска претседателката на Советот, Атина Мургашанска, ја покрена советничката група на СДСМ. Градинката „Ангел Шајче“, исто како и останатите згрижувачки установи во државата, е затворена од 11-ти март, по одлука на Владата, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

-Ние предложиме управниот одбор да донесе одлука, а на оваа седница ќе расправаме и се надевам ќе биде усвоена одлуката за потполно ослободување од плаќање на надоместокот на родителите чии деца не ги користеа услугите на градинката од перидоот на затворањето се до нејзино потполно ставање во функција. Сметам дека ова ќе придонесе и за материјалните можности на нашите граѓани а исто така дека тоа е правична одлука со оглед на тоа дека не по вина на родителите или сопствен избор нашите деца не можеа да ги користат услугите во детската градинка-нагласи Мургашанска.

Покрај иницијативата за градинката на седницата во вторник ќе се расправа и за помош на јавните претпријатие „Пазаришта и „Куманово паркинг“, кои имаат претрпено штета во изминатиот период поради кризата со коронавирусот.

-Планираме понатаму, најавувам ние како Совет на општина Куманово да помогнеме иницијатива и како да им помогнеме на вработените особено во ЈП Пазаришта кое беше затворано со препораката на Владата за потполно затворање или ограничено работење на пазарите во државата и со оглед на штетите кои тие ги претрпеа ќе се бараат начини како да се помогне и ние како совет на општина Куманово и во рамките на локалната самоуправа а можеби и од други можности-истакна претседателката на кумановскиот совет.

Мургашанска потсети дека на седниците претходно беше донесена одлука за намалување на комуналната такса, популарно наречена фирмарина која досега се движеше од 2 до 6 илјади, а сега  од 2 до 4 илјади денари, но и ослободувањето на угостителите и останатите стопански субјекти од комуналниот надоместок, такса до крајот на годината, кој го плаќаа за користење на простор на јавно уредени површини пред своите деловни објекти.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)