Совет за етика на медиуми во Куманово

Саморегулацијата во медиумите како принцип кој доведува до поголема професионалност и етички стандарди во новинарството е темата на која претставниците од Советот за етика во медиумите утре во Куманово ќе одржат предавање.Членовите на Комисијата за жалби и на Извршната канцеларија  ќе го промовираат принципот на саморегулација, досегашните искуства на Советот за етика во медиумите и соработката со слични тела во меѓународни рамки.

Настанот ќе биде искористен и за прикажување на поинтересните случаи кои досега биле обработувани од Комисијата за жалби, како и ефектот на медијацијата што е една од главните алатки што ги применува Советот при решавањето на пријавите за непрофесионално и неетичко новинарство.

На промоцијата  ќе присуствуваат новинари, претставници на невладини организации и пошироката јавност. Пред присутните ќе се обратат Марина Тунева, директорка на Извршната канцеларија на Советот за етика на медиумите, Сефер Тахири и  Филип Ѓурчиновски членови на Комисијата за жалби, Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби и Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија.Советот за етика на медиумите во Македонија е здружение на граѓани формирано од повеќе медиуми пред една година, а функционално започна со работа пред околу 6 месеци. Главната цел на  Советот за етика на медиумите е поголем степен на почитување на етичките стандарди во новинарството, како и поедноставен пристап на јавноста  до раководствата на медиумите, кога ќе се почувствува некаква повреда на дел од правата или непрофесионално известување. Главното мото на Советот за етика на медиумите е – Колку повеќе саморегулација, толку помалку (државна) регулација.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)