Согласност за паралелки со помал број ученици

На денешната 71 седница на советот, последна во овој состав, советниците едногласно ги изгласаа предлог -одлуката за давање согласност за формирање на паралелки со помалку од  24 ученици и комбинирани паралелки во општинските основни училишта и предлог –одлуката за согласност за формирање на паралелки во прва година со помалку од  25 ученици во средните училишта во општина Куманово во учебната 2017/2018 година.

Бидејќи последниве години постојано се намалува бројот на учениците во основните и средните училишта, константно се намалува и бројот на учениците во паралелките, а за да може паралелките да функционираат училиштата треба да добијат согласност, посочува раководителот на секторот за образование Жика Крстевски.

-За да може да функционираат тие паралелки претходно сите училишта поднесуваат барање преку општината до министерството за образование да добијат согласност за да функционираат такви паралелки, односно тие даваат свое мислење, а советот ги носи одлуките, и вообичаено  немаме проблем ниту со министерството, ниту со училиштата во однос на функционирање на овие паралелки. Во Куманово во минатата година постоеја 450 паралеки од 740-ина  колку ги има во образованието во основното и средното со помал број на ученици и се констатира дека таа бројка опаѓа како резултат на тоа што се помалку и помалку деца се запишуваат и во основното и во средното образование. Меѓутоа реформите што ги очекуваме во образованието треба тој податок да го имаат во предвид затоа што нормално и моделите на образование што ги прифаќаме од понапредните земји мора да тргнат од тоа колкав е минималниот број и колкав број на ученици е потребен за да може образовниот процес да се одвива во едни подобри услови со помал број на ученици што би значело и нивна поголема активност и полесно образование, изјави Жика Крстевски, раководител на сектор за образование

Минималната бројка на ученици во една паралелка во основното образование утврдена со закон е од 24 до 34, а во средните училишта од 25 до 34 ученици.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)