Сообраќајна едукација на дечиња денес изврши Секторот за превенција (ВИДЕО)

Како што објавија на својата страна на Фејсбук Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот Куманово во партнерство и соработка за реализација со РСБСП и Сектор за превенција при СВР Куманово, со почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид19, денеска реализираа основна сообраќајна едукација на ученици од III-то одделение од ОУ “Толи Зордумис”, Куманово.

Тие воедно најавија и дека во периодот што следува ќе продолжат со сообраќајна едукација на најмалите ученици од основните училишта на подрачје на Општина Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)