Сообраќајна несреќа кај патарината „Романовце“

Две лице се полесно повредени при сообраќајна несреќа која што се случи на патниот правец Куманово – Скопје во близина на патарината „Романовце“. Несреќата се случила во делот каде што се извршуваат работи на пат, откако патничко моторно возило БМВ х6 со бугарски таблички возејќи по десната лента се пренасочило во левата каде што се движело товарно моторно возило МАН со српски регистарски таблички. Возилата биле управувани од македонски државјани. Од Ургентниот центар посочија дека две лица веднаш биле  примени кај нив. Машкото лице има повреда на неколку ребра и е пренесено во Ургентниот центар во Скопје, а женското нема посериозни повреди. Двете лица се надвор од животна опасност. Незгодата предизвика километарска колона на наплатната рампа. Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Куманово

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)