Сообраќајна поука за возачи со полесни прекршоци

Триесетина пешаци и мотоциклисти, кои направиле полесни прекршоци во сообраќајот, денеска учествуваа на седумнаесеттата поука за 2015 година. Тие нема да заработат парична казна за разлика од оние коишто не се отповикале на поканата. Против нив ќе бидат поднесени пријави за поведување прекршочна постапка.

-За возачите ќе се достават покани и ќе се запишат негативни поени, доколку не го сторат, ќе се поднесе соодветно барање. Инаку во текот на 2015 на вакви сообраќајни поуки учествуваа 325 граѓани до сега, имаме уште една за август која е исклучиво за моторциклисти, изјави Виолета Богдановска од отсекот за превенција при СВР Куманово.

Присутните следеа теоретска обука од полициски службеници и им беа презентирани филмови за безбедноста во сообраќајот коишто се снимани од републичкиот совет за безбедност на патишта и имаат за цел да ги нагласат можните последици доколку не се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

– Покажуваат какви последици можат да настанат доколку не се почитуваат правилата и прописите и во однос на носење на заштитна опрема и сите работи кои се случуваат, а тоа се, нели, невнимателност, зборување на мобилен телефон, неврзување на појас, недавање на предимство на друг учесник или возило коешто има право на предимство на минување, погрешно паркирање и сите прекршоци коишто се случуваат на нашето подрачје, додава Богдановска.

За оние коишто прв прат присуствуваат на ваква сообраќајна поука, нема да следи парична санкција, а вториот пат зависи од видот на прекршокот. Доколку истиот учесник во сообраќајот направи трета престапка, истиот ќе биде парично казнет, додаде Богдановска.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)