Соопштение од НСДП

Нова Социјалдемократска партија со соопштение до јавноста по повод претстојниот референдум. Во соопштението се вели: -Кампањата за референдумското изјаснување е веќе започната. Ние како Нова социјалдемократска партија сме поддржувачи на евроатланските интеграции на РМ во НАТО и ЕУ. Со влезот во НАТО  И ЕУ ,Македонија ќе добие многу грантови нови инвестиции и ќе се отвораат нови работни места. Драги наши новисоцијалдемократи, кумановци и кумановки, Ве повикуваме утре со почеток во 20 часот и 15 минути на градскиот плоштад во Куманово, каде ќе се одржи граѓанска трибина со премиерот Зоран Заев. Ќе се разговара за сите отворени прашања со кои сме соочени пред историскиот референдум. Повелете да ги слушнете сите аргументи зошто е важно да се поддржи референдумот и да се избере сигурна иднина за нашаат земја. Граѓаните ќе бидат целосно и правилно информирани за да може да донесат вистинска одлука, стои во соопштението на НСДП.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)