Сопруги на амбасадори во посета на Куманово

Сопругите на амбасадорите на Холандија, Грција , Италија и Франција и на воени аташеа во РM  заедно со претседателката на невладината организација „ Добредојде“ денеска се во посета на Куманово. Целта е преку запознавање на културно – историските знаменитости на градот да ја промовираат Македонија како културна дестинација во земјите од каде што потекнуваат.

-Особено им претстaвивме дека ние се гордееме што сме мултиетнички град што имаме повеќе националности и што навистина сложно живееме така што целата атмосфера ќе биде пренесена за да можат и тие како нeвладини организации да ги пренесат позитивните пораки таму каде што ќе можат да отидат и да не претстават,изјави Валентина Алексовска, секретар на општина Куманово

-Ќе имаме можност да ги посетиме историските споменици знаменитости во Куманово,  а секако и стопанските субјекти бидејќи еден град не живее само од културата туку и од стопанството, меѓутоа ние како невладина организација  посебен акцент ставаме на промоција на Македонија како културно историска дестинација и многу пати сме како еден линк на интеракција на културите и ми е драго дека Куманово е една мултиетничка средина и дека претставниците од меѓународната заедница ќе имаат можност да се запознаат со мултикултурата на овој град, Емилија Миладинова Аврамчевиќ, претседател на НО„Добредојде“

Дел од сопругите на амбасадорите минатата година имале можност да запознаат повеќе културно историски споменици во градот, а овојпат ќе се фокусираат на знаменитостите во Старо Нагоричане, црквата Свети Ѓорѓи , Меморијалниот центар АСНОМ и неколку чевларски фирми во Куманово.

-Овде сум по втор пат и чест ми е што ги претставувам сопругите на амбасадорите и сопругите на воените аташеа.Ова е единствениот град во кој гостувам по втор пат, минатата година ја посетивме црквата Свети Никола, а оваа година ќе ја посетиме според мене, најубавата и најстарата црква Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане. Ќе посетиме неколку економски субјекти и фабрики и се надевам дека посетата ќе биде интересна, изјави Матилда Бенели, сопруга на амбасадорот на Италија во Македонија

Во наредниот период планираат да го посетат Охрид, а досега ги запознале убавините на Штип, Дебар и други.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)