Соработка на „ Делфин“ со денс студио „Мак “

Со стартот на новата учебна година, започнува и нова сезона за пливачкиот клуб „Делфин“  од Куманово. Уписите се во тек , а сите заинтересирани за спортската дисциплина пливање може да се обратат кај инструкторите и да станат дел од „ Делфин“, пливачки клуб што ги реализира часовите  по пливање три пати неделно на градскиот затворен базен. Новата сезона пливачкиот клуб„ Делфин“ ја стартува  во соработка со денс студио „Мак“ .

-Нашата задача во иднина,  на пливачкиот клуб „Делфин“  е да се грижиме за физичката подготовка на девојките што играат во денс студио „Мак“ . Од една страна добро е што КУД почнаа да ги согледуваат бенефитите и придобивките на спортот , а од друга страна ние како клуб се залагаме да го шириме пливањето во нашата општина и  во нашиот град.

Спирковски информира дека ова е втора официјална соработка на пливачкиот клуб Делфин. Изминатиот период дел од инструкторите на Делфин работеа со деца со оштетен вид во спортско рекреативниот центар „Борис Трајковски“  како дел од проект на УСАИД  и Лајонси.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)