Состанок за развој на превенција од социјални ризици

Создавање на програма за развој на социјална превенција од социјални ризици за да може да биде извршено мапирање на социјални проблеми за да можат локалните чинители понатаму да помогнат помогнат на своите граѓани беше целта на денешниот прв работен состанок на новоформираното Локално координативно тело за развој на превенција  од социјални ризици во општина Куманово. Во него ќе членуваат  претставници на 22 институции, меѓу кои државни установи и организации, урбани меснио заедници , општински училишта со ротирачко членство и слично. Сите релевантни институции преку нивните претставници ќе дадат свое мислење и препорака  кои ќе бидат презентирани во програмата, вели Ивана Костовска , советник за социјална заштита и заштита на децата во општина Куманово. Според неа, првата целна група ќе бидат децата кои што питачат. Одделението за социјална заштита на деца и здравствена заштита  во однос на оваа категорија на деца веќе започнало  со  активностите,односно остварена е првата  работна средба со претставници на  СВР Куманово и центарот за социјална работа .

-Наша препорака е да биде прва целна група бидејќи секојдневно се соочуваме со деца на улица, кога поминуваме од работа, било како, значи сметаме дека можеме да помогнеме во однос на таља категорија, но тоа не значи дека другите категории нема да бидат опфатени , ќе бидат опфатени сите ранливи категории со кои се соочуваме во општина Куманово, изјави Ивана Костовска, советник за социјална заштита и заштита на децата

Повеќе од 500.000 граѓани на Македонија живеат на  работ на егзистенцијата заради што мора да се преземат мерки за подобрување на условите за живот, но и решавање на социјалните проблеми . Општината тоа го прави преку субвенционирање на трошоците за комунални услуги на граѓаните за кои на годишно ниво од буџетот одвојува 22 милиони 400 илјади денари, велат надлежните, 700.000 денари за еднократна парична помош, 180.000 денари за Инклузија на децата Роми во предучилишно образование и 1 милион и 500 илјади денари за потребите на дневниот центар за лицата со интелектулна попреченост „Порака наша“ , а се финансираат и проектите од општокорисна работа, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Формирањето на Локално координативно тело за развој на превенција  од социјални ризици е дел од регионалниот проект за социјални права на ранливи групи, поддржан од германско интернационално здружение за соработка -ГИЗ. Налогодавач на  проектот кој се имплементира од 2015 до 2017 година  е Германското сојузно министерство за економска соработка и развој, имплементиран во пет проектни региони. Со спроведувањето на овој проект се очекува да се создадат  услови за социјална работа  на терен на локално ниво, локалните  чинители да ги подобрат капацитетите  за проценка  на потребите на ранливите групи  во нивните заедници,но и да ги зголемат своите капацитети  за идентификување  на и аплицирање за нови извори на финансирање и слично.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)