Социјалдемократите даруваа крв

Општинската организација на СДСМ во просториите на партискиот штаб денеска организираше крводарителска акција, која што е дел од редовните програмски активности. Во акцијата која што е 23-та по ред се вклучија членови, активисти и симпатизери на СДСМ, како и бројни граѓани.

-Од 2007 година СДСМ два пати годишно во март и при крај на јули организира крводарителски акции кои што се многу успешни. На акциите  се собираат од 80 до 120 крвни единици, со што потврдуваме дека нашите членови, симпатизери имаат голем одзив. Се надевам имајќи ги во предвид високите температури дека ќе ја постигнеме минимум бројката од 80, со што докажуваме дека СДСМ од Куманово го претставуваат луѓе кои што имаат хуман аспект во своето општествено живеење-изјави Мартин Костовски, претседател на ОО на СДСМ.

Костовски се надева дека оваа акција ќе продолжи и во иднина, и дека ќе остане една од важните активности на самата општинска организација.

Крводарителите кои што учествуваа во акцијата, истакнаа дека и во иднина ќе продолжат да даруваат крв.

Раководителката на Службата за трансфузиологија, Лилјана Славковска истакна дека како и претходните години и оваа граѓаните ја покажуваат својата хуманост.

-Голем број на крводарители даруваа крв и чекаат да даруваат, така што се очекува и оваа акција како и претходните да биде успешна. Персоналот на службата секојдневно се грижи да има крв од сите крвни единици, така што засега Службата за трансфузиологија располага со сите крвни единици и сите побарувања се задоволени-наведе таа.

Акцијата која што е во организација со општинскиот Црвен крст започна во 11 часот и 30 минути, а траеше до 17 часот. Инаку општинската организација на СДСМ два пати годишно организира вакви хуманитарни акции.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)