Сојузот на борци на граѓаните им го честита 8-ми септември

Сојузот на борци од Куманово, како и секоја година, така и оваа, на Денот на независноста на Република Македонија,  ќе им оддаде почит на паднатите борци во народно – ослободителната војна. Тие на граѓаните им го честитаа 8-ми септември и ги повикаа на утрешното свечено одбележување на спомен – Костурница.

– Ја користам оваа прилика да ги поканам сите почитувачи, сите борци, сите граѓани кои можат да дојдат утре на  Денот на независност на Република Македонија, кој годинава, во организација на локалната самоуправа, ќе се оддржи на кумановското светилиште,  спомен- Kостурница. Tаму сигурно ќе има одреден говор и ќе биде одбележан овој ден, изјави секретарот на Сојузот на борци од Куманово, Благе Јакимовски.

Освен одбележувањето на настаните коишто се случиле во периодот на народно – ослободителната војна, Сојузот на борци ги одбележува и другите значајни настани од повеќевековната борба за слободна Македонија.

– Во тој правец, боречката организиација од Куманово, учествуваше на одбележувањето нa 5-ти септември, а тоа е ден кога 11-та македонска бригада водеше борба против бугарската постава којашто го штитеше и обезбедуваше своето упориште во с. Страцин. На 6-ти септември учествуваме на одбележувањето на ослободувањето на град Кратово, којшто е исто така е ослободен од 11-та македонска бригада, додава Јакимовски.

Инаку свеченото одбележување на 8-ми септември ќе започне утре во 11 часот на спомен – Костурница, кадешто претставници од сите средни, основни училишта, невладиниот сектор и државните претпријатија ќе положат цвеќе и ќе им оддадат почит на паднатите борци.

Коментари

коментар(и)