Сојузот на борци ќе го одбележи денот на Карпош

Регионалниот одбор на Сојузот на борци од Куманово и годинава традиционално ќе го одбележи денот на загинувањето на козјачкиот херој Христијан Тодоровски Карпош. Членовите на сојузот ќе го посетат неговиот дом каде со положување свежо цвеќе ќе му одадат почит на Карпош.

Освен тоа организираме и една делегација која ќе појде на самото место каде што е загинат Христијан Тодоровски Карпош, а тоа е во селото Билјача, во дворот на училиштетот каде постои биста и исто пред бистата ќе положиме свежно цвеќе, ќе одадеме почит и заслужена благодарност на херојот и ќе одржиме пригоден говор. Ние нема да дозволиме никогаш овие настани, јас секогаш кога сум зборел сум напоменувал дека ние помладит емора да ја продолжиме оваа традиција, бидејќи имаме голема обврска и аманет од нашите претходници дека оваа стекната слобода која е стекната со жртви кои се дадени за оваа слобода која ние ја уживаме денеска и сме должни да презимаме се во рамките на нашите можности да ја сочуваме таа слобода и да ја сочуваме Република Македонија, бидејќи ние резевна држава немаме – изјави Благе Јакимовски, претседател на РО на Сојуз на борци Куманово.

Во вторник во чест на Карпош освен членовите на Сојузот на борци, свежо цвеќе пред бистата ќе положат и претставници од локалната самоуправа, но и членови на семејството на херојот.

Христијан Тодоровски Карпош е роден е роден на 3 септември 1921 година. Во 1945 година е прогласен за народен херој кој се истакнал како организатор на Народноослободителната антифашистичка војска на Македонија. Бил член на Козјачкиот партизански одред од 12 октомври 1941 година и член на партизанскиот штаб од Куманово. Откако одредот бил разбиен, преминувал во Вториот јужноморавски одред и Кукавичкиот одред. На 26 јуни 1943 година станал командант на Кумановскиот партизански одред, кoj пoстeпeнo се ширел  и на 1 декември 1943 година бил официјално преименуван во Прв кумановски баталјон „Јордан Николов – Орце“. Карпош својот живот го загубил во прешевското село Билјача на 7 февруари 1944 година.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)