Соња Тодоровска нов директор на гимназијата

Професорката по македонски јазик и литература, Соња Тодоровска  е назначена за нов директор на гимназијата Гоце Делчев, откако досегашниот директор Горан Димитријевиќ утринава поднел оставка поради скандалот со објавени фотографии со експлицитна содржина на социјалните мрежи. Тодоровска изминативе три години ја извршуваше функцијата заменик директор во средното училиште.

-Ветувам дека ќе го употребам целокупното мое знаење како наставник и помошник директор во гимназијата стекнато досега во успешното раководење со училиштето. Затоа што гимназија Гоце Делчев е најдоброто училиште во градот, и меѓу најдобрите гиманзии во републиката и така треба да продолжи јас повторувам ќе се трудам успешно да раководам и само по тој пат да чекориме на успеси и резултати на нашите ученици-истакна таа.

Првиот човек на градот, Зоран Дамјановски потенцираше дека изминатиов период имале одлична соработка со досегашниот директор, за кого вели дека е коректен педагог и личност која дала голем придонес за спортот во Куманово.

-Директорот од свои морални човечки причини даде оставка и денеска имам чест на јавноста да им го претставам новиот в.д директор на гимназијата Соња Тодоровска до сегашниот заменик на гимназијата. И посакувам успех да ја претставува гимназија онака како што и беше до сега, репрезент на една висока интелектуална средина  таа тоа добро го знае, работи долго време таму, се занимава во организацискиот дел повеќе од три години, мислам дека овој трансфер е само симболичен отколку суштествен околу оние причини од моралноста-нагласи тој.

Дамјановски ги повика надлежните органи да го разрешат овој инцидент до крај.

-Тој е професор ќе остане вработен не може да биде избркан бидејќи за тоа треба да има допис од државниот просветен испекторат дека има прекорачување на овластувања, таков допис не стигна, училишниот одбор нема предлог, туку наставничкиот колегиум дава едногласна поддршка на него како личност но тој си даде оставка од морални причини и немам никаква можност, ниту пак желба да го отстранам од работото место –додаде Дамјановски.

Досегашниот директор Димитријевиќ тврдеше дека бил уценуван и откако одбил да даде пари, некој го хакирал неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук каде беа  објавени фотографии со експлицитна содржина.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)