Со акредитација ќе се следат седниците на Советот

Во иднина кумановските новинари ќе мора да се акредитираат доколку сакаат да ги следат седниците на Советот на Општина Куманово. Оваа новост на новинарите, денеска им ја соопшти претседателот на Советот, Максим Димитриевски, кој истакна дека ова се прави со цел да се надмине проблемот со недостаток на места за седење и воедно да се подобрат условите за работа. Тие се согласија дека за разлика од минатото има значителен напредок за следење на седниците, но се надеваат дека со заеднички напори и овие проблеми ќе се надминат.

-Знам дека просторните услови во кои што работиме се исклучително тешки, бидејќи имаме простор во кој сместуваме максимум до 50 луѓе. Од страна на градоначалникот е најавено дека до 11-ти номври ќе биде реконструирана големата сала во зграда на Комитет, кај што ќе има галерија за новинари и уредно да се информираат од самите седници кои ќе се одржуваат. По нејзино завршување ќе се обидеме да одржиме седница и да видиме како ќе функционира тоа во пракса, но додека тоа не се заврши од аспект на тешката финансиско материјална состојба на општианта, верувам дека ќе мора да продолжиме да работиме во оваа сала-наведе тој.

Присутните новинари се согласија дека е потребно да им се обезбедат подобри услови за работа, но со резерва ја прифатија новината за воведување на акредитација, бидејќи сметаат дека постои можност на тој начин да им се ускрати правото на присуство.

Инаку Димитриевски ги информираше новинарите и за активностите на советниците за време на летниот период, односно за заедничките патроли со припадниците од Одделот за превенција при МВР. Имено советниците заедно со полицајците посетуваа граѓани, при што разговараа за нивните секојдневни проблеми, како и за вооружениот судир од 9-ти и 10-ти мај.

-Едни од најнапоменувани проблеми од страна на нашата општина на граѓаните се сообраќајниот хаос, уличното осветлување, нарушување на јавниот ред и мир, пукањето на семејни веселби, недостиг на лежечките полицајци и комуналниот ред и хигиена за која првенствено и самите граѓани говорат и го лоцираат проблемот во нашите секојдневни навики ако граѓани… Проблемот на 9-ти и 10-ти мај го чувствуваат како еден глобален проблем кој што му се случи на куманово но не успеа да ја наруши меѓуетничката стабилност во градот-наведе тој.

Наредната седница на совет е планирано да се одржи на 26-ти август, а на истата ќе се најдат на дневен ред 30 точки. Меѓу останатото на оваа седница ќе се зборува и за најголемиот проблем во општината, односно водоснабдувањето на градот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)