Со „Аладинова ламба“ до бројни добивки

Аладинова ламба е насловот на инстант лозот на Државната лотарија на Македонија до бројни добивки.

Грепката нуди две интересни игри и до шест  шанси за добивка. Игрите се независни една од друга и играчот може да има добивки  во секоја поединечна игра.

Во првата игра добитни се симболите АЛАДИН и ДУХ. Па така доколку по отстранувањето на заштитниот слој  откриете симбол на Алдин ја остварувате добивката која е наведена во полето ДОБИВКА од истата игра. Доколку пак по отстранувањето на заштитниот слој  откриете симбол ДУХ добивката е тројно поголема од сумата  која е впишана во полето ДОБИВКА од истата игра . Сите други симболи се недобитни.

Во втората БОНУС игра , три исти броеви 1001 ви носат добивка од 5000 денари. Во оваа игра може да се освои само една добивка, но затоа пак на овој лоз може да се освојат и до шест добивки.

Лозот АЛАДИНОВА ЛАМБА  со своите интересни игри ве води во потрага по добивки до 700.000 денари. Освен 7те најголеми добивки од 700.000 денари , лозот нуди и 10 добивки од по 100.000 денари, 10 добивки од по 50.000 денари, 25  добивки од по 20.000 денари и 50 добивки од по 10.000 денари кои во случај на добивка се исплаќаат на благајната Државна лотарија на Македонија, како и бројни други парични добивки од 70 до 5.000 денари кои се исплаќаат на среќните места ширум Македонија.

Возбудливата потрага по добивки преку игрите на лозот АЛАДИНОВА ЛАМБА може да донесе нови среќни приказни.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)