Со калливи чевли во салата за венчавање

Паркингот кој се наоѓа во близина на полициската станица, односно зад Основниот суд, со децении е запуштен и неуреден. Бидејќи просторот не е асфалтиран пешаците се жалат дека зими, газат кал, а лете се гушат во прашина. Додаваат дека нема светло од никаде, па од дупките на секој чекор можат да си ги искршат нозете и автомобилите.

Кумановци обвинуваат дека на ова земјиште, паркира кој каде ќе стигне, па често се случува возила да го блокираат и самиот влез и останатите корисници на паркингот. Дополнителен проблем се и неколкуте стари возила кои според информациите од СВР Куманово ги поседува шумската полиција, но се уште не презема ништо за да ги отстрани.

-Не можеме да поминеме ни пешки, ниту авто да паркираме од вода, дупки, катастрофа во самиот центар на градот, мислам дека не треба вака да биде и што побргу да се санира-велат граѓаните.

 

Граѓаните додаваат дека посебен проблем имаат кога ја посетуваат салата за венчавање, па мора да вртат кругови по неасфалтираниот паркинг, за да најдат место, а потоа да си ги чистат чевлите од кал. Од Општина Куманово потенцираа дека тие не можат да преземат ништо за решавање на овој проблем, бидејќи земјиштето е во приватна сопственост.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)