Со концерт започна учебната година во „Панче Пешев“

Наставници од нижото музичко училиште „Панче Пешев“ денеска приредија концерт за новите ученици и на тој начин го одбележаа почетокот на учебната година. Тие имаа можност да ги слушнат композиции кои што ги изведоа професорите Јана Јаниз, Јасминка Наскова, Маргица Димитровска, Марко Митковски, Гоце Стојановски Драган Грговски и Антонио Тоскиќ.

Пред учениците се обрати директорката на училиштето Ивана Андоновска Свилар која им посака топло добредојде.
-Драго ми е што во толкав број повторно покажувате интерес за упис во нашето училиште знаете дека се работи за основно музичко училиште, денеска се дојдени деца најголем број од прва година, по прв пат запишани и драго ми е што дел од нашите наставници подготвија еден концерт, ќе ги видите и ќе се запознаете со звукот на инструментите кои ќе ги изучувате од втора година. Ви посакувам да постигнувате големи успеси учејќи во нашето училиште, да бидеме и ние горди на вас и вие самите на себе и вашите родители и да го направиме нашиот град уште поубав, позвучен и музичен-нагласи таа.
Директорката истакна дека се радува што учениците се заинтересирани за изучување пијано, виолина, гитара, кларинет и соло пеење.

pance-pesev

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)