Со културно-уметничка програма одбележан празникот Св. Сава

Со богата културно уметничка програма во Занаетчискиот дом, викендов беше одбележан празникот Свети Сава. Настанот го организираше секторот за култура при Општина Куманово. На одбележувањето присуствуваше пратеникот Мирослав Јовановиќ, градоначалникот Максим Димитриевски, претставници на Советот, јавните претпријатија. Манифестацијата ја збогатија настапите на учениците од неколкуте училишта од градот.  Пред присутните се обрати градоначалникот Димитриевски кој истакна дека Куманово како мултиетнички град традиционално ги одбележува сите датуми кои имаат важно значење за заедниците.

-Српскиот народ е народ којшто со векови постоел и опстоел на овие простори и како еден од братските народи на македонскиот народ со векови и генерации сме живееле заедно, сложно и низ таа наша бурна заедничка историја многупати сме се соочувале со заеднички предизвици. Секогаш заедно сме изнаоѓале начин да поминеме и многупати да излеземе заеднички победници.  Општина Куманово денеска оваа година јубилејна, 5 векови постоење Куманово секако со задоволство може да каже дека има оставено во својата историја и географија и длабоки траги во делот на она што значи Србија и српското опстојување и делување на овие простори. Најголем број од архитектонските градби во нашиот град поттекнуваат токму од тој период, од поранешната Кралска Југославија. Сите овие добри и познати примери ние имаме обврска и должни сме и ние но и следните генерации да ги негуваме-нагласи тој.

Во Република Македонија од 2007 година согласно закон за празниците, Свети Сава се празнува како национален празник на Србите во Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)