Со метални столбчиња ќе се ослободуваат тротоарите од возачите


Метални столбчиња ќе се поставуваат на јавно прометните површини низ градот, информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Целта на овој проект е да се заштитат пешачките зони од несовесните возачи, кои ги користат за паркирање на своите возила.

-Мора да констатирам дека мораме да воведуваме вакви непопуларни мерки бидејќи имаме несовесно управување на моторни возила и несовесно паркирање во делот на учеството на сообраќајот и узурпација на јавните провршини и како што гледате граѓаните немаат простор каде да се движат и тоа мора да го направиме со оградување на самите сообраќајни површини и тротоарите, изјави Димитриевски.

Градоначалникот посочи дека е во тек и изработка на сообраќајно решение за булеварот „Октомвриска револуција“ со кој истиот ќе биде ограден со столбчиња кои ќе го разграничуваат пешачкиот и велосипедскиот сообраќај.

– Истиот ќе биде ограден со столбчиња за да може да се разграничи велосипедската патека и патека за пешаците за да добиеме еден дел од градот каде ќе можеме да учествуваме урбано во сообраќајот-изјави тој.

 Доколку се покаже како ефикасен тој проект, општината ќе започне постапка за исто решение и на булеварот „Трета МУБ“, а потоа и на останатите улици.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)