Со музика до заедништво и толеранција

Порака за заедништво и толеранција упатија учесниците на музичкиот настан организиран изминатиов викенд по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј„ и верскиот празник Рамазан Бајрам. Концертот беше во организација на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово, центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и Фондацијата за култура и спорт.

„Куманово почитува различности, Куманово се гордее со мултиетничноста“ , потенцираа надлежните.

– Сакам да се заблагодарам на овие млади луѓе кои што одвоија дел од своето време за да ја промовираме пораката „Различностите зближуваат“ бидејќи само така  зближени можеме да истраеме во ова време. Исто така,  сакам да ги повикам сите граѓани доследно да ги почитуваат мерките и протоколите предвидени од Владата со цел да истраеме во оваа пандемија од ковид-19, изјави Игор Митевски, СВР Куманово

-Куманово е слободарски град, град со традиција, со толеранција и со заедничко живеење, соживот, мултикултура и чинам дека во таков дух ќе продолжи да живее бидејќи навистина се бориме долги години како слободарски град да докажеме дека навистина се грижиме Куманово да биде подобро место за живеење, изјави Нино Величковски, директор на Фондација за култура и спорт

– Организираме еден интересен настан на кој ќе пеат деца од различни националности се со цел да го промовираме заедништвото во нашиот град. Со ова сакаме да упатиме порака дека ние во овој  град само со заедништво и заедно можеме да просперираме и сите заедно можеме да направиме многу убави работи, доколку го почитуваме останатиот и доколку го запознаеме оној што седи покрај нас, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“

Организаторите со младинскиот оркестар на националната установа направија спот во live верзија на песната “Биди ми брат” , каде се пее на македонски, англиски и албански јазик, со порака за мир, толеранција, љубов и единство.



Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)