Со системот капка по капка до подобри приноси на пченка

Мендуљ Фетаи од кумановското селото Лопате е еден од 160–те производители на пченка во земјава кој доби систем за наводнување капка по капка.  Тој денеска за прв пат го вклучи системот за наводнување во полето засадено со пченка и посочи дека со новата технологија очекува да ги дуплира приносите. Освен со земјоделство семејството Фетаи се занимаваат и со сточарство, а пченката ја користат за сточна храна, па оттаму и зголемените приноси ќе им овозможат да прехранат до четири пати повеќе крави со истата обработлива површина. Оваа донација за нив претставува услов за попрофитабилен бизнис.

– Со овој систем за наводнување очекувам да имам поголем квалитет и поголем принос. Имаме и стока, чуваме крави, овци и бикови. Секоја година садам околу 10 до 15 хектари пченка, инаку имам 30 хектари земја која ја работам со децата и со работници. Освен пченка садиме бостан и луцерка имаме и ливади, вели Мендуљ Фетаи.

Преку проектот на УСАИД за експанзија на мали и средни претпријатија кофинансиран од Владата на Швајцарија, од 2013 година досега беа донирани 280 системи за наводнување капка по капка со цел да се стимулира производството на пченка и сончоглед. Амбасадорот на САД, Џес Бејли и заменик шефицата на мисијата на Швајцарија, Катерина Штокер свечено го вклучија системот за наводнување на фармерот Фетаи во селото Лопате.

– Ние како САД сме среќни што можеме да помогнеме во развојот во еден дел на економијата на Македонија и во одредени делови, вели Џес Бејли, амбасадор на САД

-Швајцарија е присутна во Македонија веќе 20 години во економскиот развој. Земјоделството е важна гранка за развој во Македонија затоа ги здруживме силите со УСАИД и видовме дека системот за наводнување капка по капка за пченката е успешна, а потоа ќе преминеме и на други култури, вели Катерина Штокер, заменик шефица на мисијата на Швајцарија.

На демонстрација на системите капка по капка присуствуваа и министерот за земјоделство Михаил Цветков и градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски кои укажаа на важноста за модернизацијата на производството за економскиот развој во регионот. Тие очекуваат во наредната година уште повеќе фармери да ја искористат оваа прилика.

-Прво да се заблагодарам на УСАИД која им покажа на земјоделците дека со воведување на наука и техника производството ќе се зголеми три до четири пати со овој проект се предвидува дека со 7 илјади хектари на кои се применува капка по капка практично потребите од пченка ќе бидат задоволени со тоа што сточната храна што сега ја увезуваме од соседитение сами ќе ја произведуваме, вели Михаил Цветков, министерот за земјоделство

-Чинителите УСАИД како агенција која како е незавизна Македонија постојано даваат поддршка во практичните работи пред се во развојот на бизнисот на малото стопанство, претприемништвото и земјоделието благодарам од име на Куманово, вели  Зоран Дамјановски, градоначалникот на Куманово.

Во 2014 година преку Проектот на УСАИД во регионот беа поставени 15 системи капка по капкана во полињата со пченка од еден хектар. Фармерите кои ги користеа системите постигнаа подобри резултати. Рекордот во регионот произведе 19 тони зрно од пченка од еден хектар. Оваа година 4 фармери од североисточниот плански регион аплицираа за кофинансирање на системите за наводнување за 14 хектари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)